www.bgcentar.org.yu
Белградски центар за човекови права
Кои сме
Белградскиот центар за човекови права е непартиско, неполитичко и непрофитно здружение на граѓани заинтересирани за унапредување на теоријата и праксата на човековите права. Со Белградскиот центар се врзани луѓе од различни професии и профили - правници и адвокати, социолози, економисти, книжевници, професори, студенти и деловни луѓе. Сите тие, со своето знаење и ентузијазам, придонесуваат кон остварување на целите кон кои тежи Центарот.
Од кога постоиме
Белградскиот центар е основан во 1995 година и од тогаш до денес прерасна во една од најзначајните невладини организации во Србија.
Кои се нашите цели
Основните цели на Белградскиот центар се унапредување на знаењата од областа на човековите права и хуманитарното право, развој на демократијата, воспоставување на правна држава и граѓанско општество во Србија и во останатите држави настанати по преминот од автократски во демократски систем. Во неговото еднодецениско постоење, Центарот настојуваше да ја подигне граѓанската свест за значењето и дострелите на идејата за човекови права и лични слободи, но и да создаде клима за нивно потполно уживање.
Кои се нашите активности
По десет години постоење, Белградскиот центар се етаблираше како образовен центар за човекови права. Секоја година се организираат школи за човекови права, прилагодени според специфичните одлики на учесниците - студенти и средношколци, дипломирани правници и адвокати, судии, полицајци и политиколози. Покрај школите, Центарот организира и бројни семинари и предавања.
Центарот обрнува особено внимание на својата издавачка дејност. Досега под покровителство на Центарот биле напишани, подготвени и испечатени бројни публикации, меѓу кои и неколку универзитетски учебници.
Покрај образовната функција, а особено по бурните настани кои ги одбележија деведесеттите години, Центарот прерасна во место за пружање правна помош на жртвите на кршењето на човековите права, како и простор за собирање хуманитарна помош наменета за бегалците и внатрешно раселените лица.
Најважните области на делување на Центарот се:
• образование;
• истражување;
• собирање научна и стручна литература;
• издаваштво;
• јавна промоција на идеите за човековите права (јавни настапи, јавни манифестации, филмска и радио продукција и сл.);
• организирање јавни расправи, собири, предавања и други видови образовани активности;
• информирање на јавноста околу човековите права;
• изработка на законски модели и предлог-закони за реформа и подобрување на државните институции;
• информирање за состојбата на човековите права;
• бесплатна правна помош за жртвите на кршење на човекови права;
• хуманитарна помош;
• соработка со домашни и меѓународни организации и институции кои се занимаваат со унапредување на човековите права, правната држава и демократијата.
Зошто постоиме?
• Затоа што веруваме дека сите луѓе мора да бидат еднакви пред законот;
• Затоа што демократијата подразбира учество на граѓаните во процесот на одлучување и формирање на критичка маса;
• Затоа што граѓанското општество не е систем на вредности кој е даден еднаш за секогаш.